Комерцијална банка наградена од Комерцбанк

27

komercijalna-banka-logoКомерцијална банка АД Скопје наградена од Комерцбанк за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери. Комерцијална банка АД Скопје е избрана да ја добие наградата на Комерцбанк за STP (системска обработка на плаќања) за 2016 година за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери.

Наградата се доделува за извонреден квалитет во обработката на плаќањата во ланецот на плаќања. Извршувањето на платежни трансакции не само што веднаш се одразува на задоволството на клиентите, туку и на конкурентноста на банката. Системската обработка е многу важна и има силно влијание за работата на ИТ како и за заштедата на време, трошоци и неисплатливи порамнувања што доведуваат некогаш до дополнителни трошоци.

“Со големо задоволство ви ја предаваме оваа заслужена награда вам и на вашиот тим за извршување на плаќања. Многу високите стандарди што ги поставуваме за банките што ја добиваат нашата STP награда може да се достигнат само со голем и заеднички труд на целиот персонал вклучен во разните оддели коишто ги започнуваат и спроведуваат плаќањата. Затоа, ве молиме пренесете ја нашата искрена благодарност до сите вработени на Комерцијална банка кои допринеле за вашето високо достигнување“, пишува во дописот за наградата до Банката.

Наградата претставува уште еден поттик и обврска на Банката кон клиентите за постојано зголемување на квалитетот на обработката на трансферите и интензивирање на соработката со другите банки.