Комерцијална банка: Нови функционалности во Интернет банка за правни лица

50

Почнувајќи од први април оваа година, Комерцијална банка ќе ги доставува изводите за тековната сметка во странска валута за правни лица резиденти, придружните обрасци 743 и 1450 и МТ 103 SWIFT пораките, единствено преку Интернет банката за правни лица во делот на Девизен платен промет, стои во соопштението.

Новите функционалности во Интернет банката за правни лица се достапни бесплатно за сите клиенти кои имаат пристап, без потреба од поседување на токен и истите нудат повеќе предности: поголема сигурност, безбедност, брзина и ефикасност.