Комерцијална банка нуди промотивни услови за денарски станбен кредит

25

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка нуди нов промотивен денарска станбен кредит со 4,5% годишна фиксна каматна стапка за првите три години и 6,5% годишна променлива за остатокот од периодот на отплата на кредитот.

Банката го нуди овој кредит без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за процена на сите новоодобрени денарски станбени кредити во промотивниот период од 15.04.2016 до 30.09.3016 година.

За одобрени станбените кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, како што се наведува, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на банката.

Банката, исто така, нуди и промотивен период за потрошувачки кредити со ЕУР клаузула.

Во овој период клиентите кои ќе аплицираат за ваков кредит нема да плаќаат надомест за одобрување и администрирање во промотивниот период од 15.04.2016 до 30.06.2016 година.