Комерцијална банка од 10-ти мај ќе исплаќа дивиденда за 2016 година

33

 

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка ги известува своите акционери дека почнувајќи од 10-ти мај оваа година ќе врши исплата на дивидендата за 2016 година.

Право на исплата на дивиденда за 2016 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 21 април 2017 година. Исплатата на дивиденда за 2016 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.

На физичките лица средствата од дивидендата за 2016 година ќе им бидат уплатени на нивните сметки во Комерцијална банка, освен за лицата кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата  од дивидендата за 2016 година ќе ги уплати на назначената сметка.

Физичките лица кои немаат отворено сметки во Комерцијална банка или не дале овластување, ќе треба за исплата на дивиденда за 2016 година да отворат сметки во Комерцијална банка или да дадат овластување за пренос на средствата од дивидендата во друга банка. Ова можат да го направат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка низ Републиката.

Согласно член 77 став 1 од Законот за персоналниот данок на доход, потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал – дивиденда за 2016 година, исплатена во 2017 година ќе бидат доставени до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивиденда. Доколку некои од акционерите не ja добијат  потврдата заради технички причини (промена на адреса и слично), истaта ќе може да ја подигнат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка низ Републиката.