Комерцијална банка однапред плати аконтации за данок на добивка од 120 милиони денари

25

Имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозната опасност од ширењето на Ковид-19 (коронавирусот) во нашата земја, Комерцијална банка АД Скопје однапред  изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година, соопштуваат од банката.

Со тоа е веднаш исплатен вкупен износ од 120.000.000 денари, наместо, како што се наведува, вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи.

“Со ваквата одлука, Комерцијална банка АД Скопје настојува да придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, а со тоа и да го зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството.Комерцијална банка со сите свои сервиси останува во служба на клиентите со цел сите финансиски потреби да бидат безбедно и ефикасно опслужени. Апелираме да се почитуваат сите мерки и инструкции од надлежните органи во насока на што побрзо и поефикасно справување со овие предизвици“, велат од банката.

Фото: Pexels