Комерцијална банка одржа Ден за Вас наменет за корпоративни клиенти

36

komercijalna-banka-logo

Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на 22-ри овој месец, повторно се одржа настанот Ден за Вас, наменет за корпоративните клиенти на банката, стои во соопштението.

Имајќи го предвид влијанието на технологиите во современиот живот и мотивирани од сè почестите злоупотреби на ИКТ, овој пат темата беше Безбедносни предизвици во современиот е – бизнис. На настанот се обработија најактуелните теми од доменот на безбедноста на информатичко – комуникациските технологии, ризиците поврзани со нивната употреба и препораки за заштита, се разгледуваа безбедносните аспекти на работењето со картички, како и ризиците поврзани со измамите во меѓународната трговија. Потоа низ активна дискусија преку примери од праксата, банката даваше препораки за справување со овие актуелни проблеми.

Банката изразува голема благодарност до присутните клиенти и се надева дека барем малку успеа да придонесе во подигнувањето на свеста за потенцијалните ризици што со себе ги носат модерните технологии.

Грижата за клиентите продолжува и во иднина со организирање вакви корисни настани.