Комерцијална банка во првите шест месеци од оваа година оствари добивка во висина од 207.008.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на првото полугодие лани, банката прикажа загуба од 176.865.000 денари.
Нето приходите од камати од јануари до јуни достигнаа 1.569.033.000 денари, додека истиот период лани тие имаа вредност од 1.512.657.000 денари. Нето приходите од провизии и надоместоци, како што покажува билансот на успех, беа на ниво од 429.998.000 денари.
Во консолидираниот биланс на успех влегуваат билансите на Комерцијална банка и на подружницата КБ Публикум инвест – Друштво за управување со инвестициони фондови.