Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите корисници дека за потрошувачките ненаменски кредити отсега ќе може да се аплицира и електронски (online). За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, банката овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.
Со оваа опција, заинтересираните клиенти може да аплицираат за следните кредити:
- Потрошувачки кредит до 30.000 евра со ЕУР клaузула.
- Потрошувачки кредит до 600.000 денари без жиранти.
- Тип Топ Потрошувачки кредит.
- Кредит врз основа на меница без жирант.
- Кредит за пензиoнери.
Корисниците ќе може да ја одберат оваа опција во менито под називот Online апликации, откако ќе се најават на Интернет банката.
Фото:Pixabay