Комерцијална банка подарува штедни книшки со 5.000 денари на новородени деца на 31 октомври

18

 

komercijalna-banka-logoПо повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Комерцијална банка ќе им отвори штедни книшки – отворено детско штедење Верверичка со износ од 5.000 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури, соопштуваат од банката.

Средствата ќе бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2017 година.

Оваа година по тринаесетти пат ќе се доделат штедните книшки Верверичка и касички, а до сега во просек секоја година по 45 семејства им се радуваат на средствата што нивните најмили ги добиваат од Комерцијална банка АД Скопје.