Комерцијална банка прогласена за најдобра интернет банка во Македонија

30

komercijalna banka

Комерцијална банка Скопје од страна на престижното списание Global Banking Finance е избрана за најдобра интернет банка во Македонија за 2015 година, се вели во соопштението на банката.

Изборот на најдобрите банки од различни сегменти во банкарството го вршат уредниците на списанието во соработка со истражувачкиот тим и издавачот, кои по опсежни анализи на номинираните во одделните категории одлучуваат која банка ќе го однесе приматот во определена категорија за дадената година.

Главни критериуми за добивање на наградите се степенот на воведени иновации во категоријата каде што се врши изборот, достигнувањата, имплементираните стратегии, како и адаптибилноста на банката на промените во финансискиот сектор.

Тимот на Global Banking Finance ја избра Комерцијална банка АД Скопје за најдобра интернет банка во банкарскиот сектор за 2015 година во Република Македонија како резултат на анализата на поднесените номинации, при што прецизно се мери функционалноста на апликациите за интернет банкарство и мобилно банкарство, како и адаптибилноста на најновите трендови во светски размери и услугите кои можат да се користат.

Global Banking Finance е списание кое секоја година ги наградува најдобрите во финансискиот сектор, во банкарството, осигурувањето, хеџ – фондовите, пензиските фондови, во исламските финансии. Списанието на интернет порталот има преку 9 милини прегледи и 2,5 милиони посетители од 200 различни земји во текот на една година. Порталот, пак, овозможува глобален пристап и читаност од страна на менаџери на меѓународни финансиски институции и претседатели од групата Fortune 500 корпорации.