Комерцијална банка прокнижи добивка од 845,3 милиони денари во 2017 година

58

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка, во период од први јануари до 31-ви декември лани, евидентираше добивка од 845.308.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

“Во периодот 01.01 – 31.12.2017 година, Комерцијална банка АД Скопје од своето работење на консолидирана основа оствари нето добивка за финансиската година во износ од 845,3 милиони денари. Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 104.869,5 милиони денари, додека консолидираниот износ на капиталот и резервите со состојба 31.12.2017 година изнесува 11.072,9 милиони денари“, стои во Коментарот на консолидираниот биланс на успех.

На крајот на декември 2016-та година, банката оствари добивка од 791.469.000 денари.

Нето приходите од камата, заклучно со 31-ви декември 2017 година, достигнаа 3.070.372.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 3.078.609.000 денари. Нето приходите од провизии и надомести во текот на 2017 година изнесуваа 862.046.000 денари, додека истиот период претходната година имаа салдо од 885.476.000 денари.