Комерцијална банка прокнижи консолидирана добивка од околу 524,5 милиони денари во 2015

20

komercijalna banka

Комерцијална банка во период од први јануари до 31-ви декември минатата година на консолидирана основа оствари нето добивка во висина од 524.467.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период во 2014 година, банката прикажа добивка од 97.859.000 денари.

“Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 97.133,0 милиони денари, додека консолидираниот износ на капиталот и резервите со состојба 31.12.2015 изнесува 10.053,1 милиони денари“, стои во Коментарот на неревидираниот консолидиран биланс на успех.

Нето приходите од камата во 2015 година беа на ниво од 3.177.652.000 денари, додека во 2014 година достигнаа 2.827.131.000 денари.

Консолидираниот неревидиран биланс на успех на Комерцијална банка за период од први јануари до 31-ви декември 2015 година се состои од билансот на успех на Комерцијална банка, подружницата КБ Публикум инвест – друштво за управување со инвестициони фондови и КБ Прво пензиско друштво – друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.