Комерцијална банка минатата година ја заврши со добивка во висина од 1.806.225.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Добивката на компанијата заклучно со 31.12.2017 година беше на ниво од 845.308.000 денари.
Нето приходите од камата, на крајот на декември 2018 година, изнесуваа 2.417.539.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 3.070.372 денари.
Нето приходите од провизии имаа салдо од 922.791.000 денари, заклучно со 31.12.2018 година, а претходната 2017 година имаа вредност од 862.046.000 денари.
Консолидираниот неревидиран биланс на успех за периодот од први јануари до 31-ви декември 2018 година, се состои од билансот на успех на Комерцијална банка АД Скопје, билансот на успех на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје – Друштво за управување со инвестициони фондови и билансот на успех на придруженото друштво КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, претставени како биланс на успех на едно правно лице.