Комерцијална банка: Солидарност во борба против сиромаштијата

25

komercijalna-banka-logo

Во рамки на севкупните активности на ниво на Република Македонија за одбележување на Светскиот ден за борба против сиромаштијата, вработените и менаџментот на Комерцијална банка се вклучија преку донирање храна, средства за хигиена и училиштен прибор, соопштуваат од банката.

“Сознанието дека 445.000 граѓани живеат во ризик од сиромаштија е поразително, а со вакви акции секогаш можеме да ја поттикнеме солидарноста и да  подигнеме јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна“, велат од банката.

Оваа акција банката ја реализира по трет пат во соработка со Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) и невладината организација Хуманост, а донацијата е наменета за семејства во социјален ризик. МППС и НО Хуманост споделуваат одговорност за дваесетина сиромашни семејства низ републиката, со кои се во постојан контакт и во најголем дел преку донации ги одржуваат нивните потреби за храна, облека, обувки, огрев и хигиенски материјал.