Компактен, концепт автомобил на Toyota се претвора во мобилна канцеларија

32

Јапонскиот производител на автомобили, Toyota претстави ново концепт возило. Станува збор за мини, електричен автомобил со две седишта што се претвора во мобилна канцеларија. BEV моделот е погоден за кратки релации со којшто корисникот ќе може истовремено да патува, да работи и да се одмара.

Автомобилот е наменет за оние кои редовно патуваат на пократки дестинации, како постари лица, нови возачи или вработени кои често посетуваат локални клиенти.

Моделот може да помине 100 километри со едно полнење и да достигне максимална брзина од 60 km/h, пишува Designboom.

Компанијата планира автомобилот да стаса на пазарот следната година. Компактниот, електричен BEV ќе може да се види на Tokyo Motor Show од 24 октомври до 4 ноември.

Фото: Toyota