Компании “набилдаа“ долг од еден трилион долари

36

Компании ширум светот создадоа нов долг оваа година во висина од еден трилион (илјада милијарди долари), поради економските последици што зад себе ги остава пандемијата од коронавирусот.

Глобалниот долг на компаниите се очекува да скокне за 12% и да се позиционира на 9,3 трилиони долари, покажуваат податоците од истражување спроведено меѓу 900 компании во светот.

И минатата година имаше зголемување на корпоративниот долг од 8%, предизвикан од преземања и аквизиции, како и задолжување на компаниите за откуп на сопствени акции или исплата на дивиденда.

Од јануари до мај оваа година, на глобалниот пазар на обврзници, компаниите се задолжиле со 384 милијарди долари.

Фото: Freepik