Компании од Дубаи ќе инвестираат во бизнис со ресенски јаболки

24

Две компании од Дубаи ќе инвестираат во откупно-дистрибутивен центар и ладилник за јаболки во Ресен. Инвестицијата ќе биде најмалку пет милиони евра и ќе вработат 100 лица.

Претставници на компаниите Shafa construction и DP World своите планови официјално ги објавија за време на средба со македонскиот премиер Никола Груевски, што се одржа викендов во Скопје.

Компаниите од Дубаи веќе регистрираа и своја компанија во Македонија под името Епл ленд, а најавија дека инвестицијата ќе се одвива во две фази.

Планирано е по првата фаза да се извесуваат по 2.500 тони ресенски јаболки, за подоцна таа бројка двојно да се зголеми.

Покрај за јаболката, инвеститорите од Дубаи заинтересирани се и за инвестиции во грозје и во добиток. Во план имаат да отворат кланица за крави и овци кои би се продавале на Блискиот исток.