Компании со најголеми долгови во САД

69

Јавниот и приватниот долг во Соединетите Американски Држави, во првиот квартал од оваа година, достигна 70 илјади милијарди долари, од коишто девет отпаѓаат на компании и нефинансиски институции.

Меѓу најголемите должници, првите три се од ист сектор – телекомуникации. Прв е најголемиот телекомуникациски оператор во САД, AT&T со долг од 166,3 милијарди долари, наспроти годишните приходи од 170,8 милијарди долари. Втора компанија со најголем долг, од истата индустрија е Comcast со 107,3 милијарди долари, додека Verizon има долгорочен долг од 105,9 милијарди долари.

Четврта најзадолжена компанија во САД е автомобилскиот гигант Ford Motors, чиј долг изнесува 100,7 милијарди долари, зад неа е General Electric што должи 95,2 милијарди долари. На шесто место се позиционираше технолошката компанија Apple, чиј долг е 93,7 милијарди долари, а зад неа е General Motors со долг во износ од 73,1 милијарди долари. Осма најзадолжена компанија во САД е Microsoft, чиј долгорочен долг се позиционира на 72,2 милијарди долари. На последните две од 10 позиции се најдоа: CVS Health (71,4 милијарди долари) и Charter Communication (69,5 милијарди долари).

Фото: Pixabay