Американската канцеларија за патент и трговска марка издаде 333.350 патенти, што е за 15% повеќе во однос на истиот период лани.
IBM, инаку најстарата технолошка компанија во светот, е на прво место според бројот на патенти, што во континуитет се случува веќе 27 години. американските компании имаат 49% од патентите издадени во САД, што е 3% повеќе во однос на претходната година. Јапонските компании се на второ место со 16% од вкупниот број на патенти, додека технолошките гиганти од Јужна Кореја со 7% се на трето место.
Според податоците на World Atlas, ова се 10-те компании со најголем број на патенти во 2019-та година:
International Business Machines Corp (IBM) – 9.262
Samsung Electronics Co LTD – 6.469
Canon Inc – 3.548
Microsoft Technology Licensing LLC – 3.081
Intel Corp – 3.020
LG Electronics Inc – 2.805
Apple Inc – 2.490
Ford Global Technologies LLC – 2.468
Amazon Technologies Inc – 2.427
Huawei Technologies Co Ltd – 2.418
Фото: Pexels