Компании во ЕУ ќе имаат обврска да објават колкави плати им даваат на мажите и жените

19

Европската комисија планира да воведе регулатива со којашто поголемите компании во Европската унија ќе имаат обврска да објават колкави се платите на мажите и жените кои работат на исто место, за да се елиминира родова дискриминација во поглед на заработката.

Иако разликата во плати меѓу половите во ЕУ е намалена на 14% во корист на мажите за иста работа што ја извршуваат и нивните колешки, Комисијата сака да го елиминира тој диспаритет со конкретни прописи за објавување на нивото на платите, а предлогот се заснова на принципот “еднаква плата за еднаква работа“.

“Еднаквоста на платите бара транспарентност. Жените мора да знаат дали нивните работодавачи кон нив се однесуваат на чесен начин“, вели Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската комисија.

Од своето основање во 1957 година, ЕУ настојува да ѝ стави крај на родовата нееднаквост, но напредокот е бавен во изминатите децении.

Фото: Pexels