Компаниите кои ќе вработат лица до 29 години нема да плаќаат социјални придонеси за нив

12

kako-do-vrabotuvanje-za-pomalku-od-14-dena-73739 Работодавачите во земјава ќе бидат ослободени од плаќањето социјални придонеси, доколку вработат млади лица до 29-годишна возраст.

Суштината на овие законски промени со кои се врши поттикнување на вработувањата на младите лица до 29-годишна возраст во приватниот сектор, предвидува ослободување на работодавачите од приватниот сектор од задолженијата за плаќање социјални придонеси, односно придонеси за пензиско-инвалидско, здравствено и придонесите за осигурување во случај на невработеност, истакнуваат од Владата.

„Ослободувањата од социјалните придонеси за работодавачот ќе се протегаат во период од 12 месеци, со обврска натаму работодавачот да го задржи на работа ангажираното лице за кое бил ослободен од плаќање на придонеси уште дополнителни 12 месеци. Работодавачите со оваа мерка ќе имаат обврска да ги задржат вработените во период од 12 месеци”, нагласи премиерот Никола Груевски.

Со оваа мерка работодавачите ќе имаат заштеда од 37%, односно 27% од социјалните придонеси и 10% од персоналниот данок. Мерката ќе трае две години со можност за продолжување, доколку бидат постигнати посакуваните резултати.

Целна група на оваа владина мерка се сите млади невработени лица до 29 години, а според податоците на Агенцијата за вработување, станува збор за 45.000 лица, од кои 25.000 се активни баратели на работа, додека 20.000 се во категоријата пасивни.