Дел од приходите на компанија на Рајан Рејнолдс како донација за бармените

29

#TipYourBartenders е иницијатива што произлегува од компанијата на познатиот актер Рајан Рејнолдс – Aviation American Gin, пишува The Drinks Report.

Целта на иницијативата е да се донираат 30% од износот на секоја онлајн нарачка. Донацијата ќе биде наменета за сите бармени во Велика Британија кои поради пандемијата мораа да ги затворат локалите во коишто работат. Кафулињата и рестораните во Велика Британија се затворени од 20-ти март.

Додека трае пандемијата, Ештон Качер и Мила Кунис претставија вино под името Quarantine Wine, од чија продажба ќе се собираат средства за хуманитарни организации кои помагаат во борбата против коронавирусот.

Фото: Pixabay