Компанија на Сорос купи биткоини

92

Компанијата за управување со средства Soros Fund Management, основана од инвеститорот и милијардер Џорџ Сорос, откри дека ја поседува криптовалутата биткоин.

Семејната компанија поседува “некои крипто-валути, но не многу“, вели Дан Фицпатрик, извршна директорка за инвестиции во Соросовиот фонд за управување, во интервју за Блумберг.

“Не сум сигурна дека на биткоинот овде се гледа само како заштита од инфлација. Мислам дека тој го премина патот од бездната кон мејнстримот“, рече таа, додавајќи дека криптовалутите сега имаат пазарна капитализација од повеќе од два трилиони долари и преку 200 милиони корисници, пренесува CNBC.