Компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија

20

Компанијата Делфај од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија, пишува Миа.

Според најавите, станува збор за инвестиција којашто ќе се реализира во неколку фази, а првата е во вредност од 15 милиони евра и ќе отвори 500 нови работни места. За неколку години се очекува извозот да достигне над 150 милиони евра годишно.

Делфај ќе инвестира во индустриската зона Бунарџик. Се очекува трансакцијата да се комплетира во јануари 2016, а почетокот на производствените активности во втората половина од 2016 година. Ќе се произведува најнова технологија на модул за возила кој ќе се вградува низ Европа и ќе соработува со другите капацитети на Делфај во регионот за да се обезбеди ефикасност и флексибилност за клиентите.

Компанијата е глобален снабдувач за автомобилскиот и пазарот за комерцијални возила. Таа е меѓу првите 15 најголеми глобални добавувачи од автомобилската индустрија со годишен обрт од над 17 милијарди евра. Има 146.000 вработени низ целиот свет со 126 производствени погони и оперативна е во над 33 земји. Седиштето е во Гилингам, Велика Британија од каде што сервисира во 33 земји.

Делфај испорачува технологии што ги прават автомобилите и камионите попаметни и побезбедни, исто така и помоќни и поефикасни. Компанијата снабдува 18 од топ 20-те производители на возила во Европа.