Компанија од Балканот која има само 2 вработени заработува 170 милиони евра: Еве што работат

Без голем тим, но со големи приходи

Компанијата е рекордер по приходи во однос на бројот на вработени
Компанијата ГЕН-I д.о.о. Сараево лани имаше вкупен приход од 331 милион марки (170 милиони евра) . Она што е интересно е што оваа компанија има само двајца вработени, пишува BiznisInfo.ba.

Ова е дури и зголемување, бидејќи во претходните години компанијата имаше само еден вработен. Во 2022 година компанијата со еден вработен имала приходи од дури 761 милион конвертибилни марки, а една година подоцна остварила приходи од 357 милиони конвертибилни марки.

Компанијата се занимава со трговија со електрична енергија, а овој вид на дејност го објаснува и малиот број на вработени, со оглед на тоа што им треба само лице кое ќе договори купопродажба на струја.

GEN-I е дел од GEN-I групацијата, една од водечките групи за трговија и продажба на електрична енергија во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Сопственик е истоимена фирма од Словенија.

Да потсетиме, 2022 година ја одбележа високата цена на струјата, што беше последица на пазарниот шок предизвикан од рускиот напад врз Украина, и затоа таа година беше остварен рекорден приход. После тоа, пазарот се стабилизира и приходите се вратија во нормала, пренесува Бизнисинфо.ба.

Фото: Pixabay