Фото: Pixabay
Компанијата LED Vision од Босна и Херцеговина, којашто произведува LED осветлување, произведе сообраќаен знак којшто го осветлува пешачкиот премин.
“Во соработка со финска копанија, специјализирана за оптички решенија од областа на LED осветлување успеавме да дизајнираме светилка којашто ќе ја осветлува областа на пешачкиот премин, односно ‘зебрата’, Ова ќе им овозможи на учесниците во сообраќајот поголема транспарентност и безбедност“, вели директорот на компанијата, Златан Имаовиќ.
Производот има и дополнителни опции за автоматско вклчување или исклучување и можност за поврзување со семафорот, а во следните 30 дена во Лукавац ќе биде поставен првиот сообраќаен знак од ваков тип, пишува Аваз.