Компанија од БиХ произведува картон за мебелот на Икеа

431

kutiiКоњиц Картон е компанија од БиХ која произведува транспортна картонска амбалажа. Компанијата изработува и џамбо кутии за пакување на мебел и соработува со неколку домашни произведувачи на мебел кои ги снабдуваат продажните ланци на Икеа, со што ги задоволуваат сите барања на оваа шведска компанија за квалитет, како и за точност и навременост на испораката.

“Континуирано ги следиме потребите на нашиот пазар и се трудиме адекватно да ги задоволиме барањата на нашите купувачи”, вели првиот човек на компанијата, Адис Мујан за еКапија.

Мујан додава дека се во можност да испорачуваат транспортна картонска амбалажа со печатење во флексо техника до четири бои, ги следат светските трендови во развојот на транспортната картонска амбалажа и ги користат најновите сознанија и достигнувања во овој сектор.