Компанија од БиХ создаде софтвер што во исто време отчитува и печати сметки за вода, струја…

24

mhs-facebook

Фото: Facebook

Компанијата MHS од Босна и Херцеговина создаде уред чиј софтвер овозможува на исто место и во исто време да врши отчитување, пресметка и печатење на сметки, пишува Klix.ba.

“Во исто време може да отчита водомер, струјомер или саат за гас и сметката веднаш да се испечати, односно да му се издаде сметка на потрошувачот. Овој софтвер го претставивме во фирми во БиХ, но и во Унгарија, Романија и други земји и луѓето не можеа да поверуваат дека постои нешто такво“, вели Хадис Кустура, еден од основачите на компанијата.

Според него, компанијата не го продава софтверот, ниту врши дистрибуција на сметки. Станува збор само за outsourcing, односно договорно преземање на дел од интерните активности на некои компании, со што тие ќе остварат големи заштеди.

Инаку, MHS е компанија основана во 2008 година како фирма за курирски услуги во БиХ и како таква е специјализирана за дистрибуција на сите адресирани и неадресирани пратки во земјата.