Компанија од Македонија на листата на Топ 100 најголеми компании во ЈИЕ

166

see

Фото: Top100.seenews.com

Провајдерот на деловни информации, SeeNews десетта година по ред го објавува годишното рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година. Македонија учествуваше во Топ 100 од Југоисточна Европа (ЈИЕ) рангирањето со еден претставник, исто како и минатата година – хемиската компанија Џонсон Мети (Johnson Matthey), стои во соопштението.

Компанијата ги подобри своите перформанси, издигнувајќи се од 24-то место во 2016 година на 17-то место оваа година, со 12% пораст во вкупниот приход.

SeeNews, исто така објавува и рангирање на првите 100 најголеми банки по вкупна актива и најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа.

Пет македонски кредитори беа дел од Топ 100 банки рангирањето. Комерцијална Банка А.Д. е повторно најголемата македонска банка, со рангирање на 45-то место во споредба со банките од Југоисточна Европа. По неа, следуваат Стопанска Банка А.Д. – Скопје (52-ро место) и НЛБ Банка А.Д. Скопје (60-то место). Вкупно пет македонски претставници се најдоа на Топ 100 осигурителни компании ранг листата. Триглав Осигурување А.Д. Скопје е најголемата македонска осигурителна компанија за 2016 година, којашто на ранг листата го зазема 71. Место.

Покрај водечкото рангирање на најголемите нефинансиски компании по вкупниот остварен приход, најголемото издание на SeeNews SEE Top 100, www.top100.seenews.com) вклучува и под-рангирање на најпрофитабилните и најдинамичните компании, компаниите кои оствариле најголеми загуби, најуспешните индустрии и компаниите кои се со најголем приход по глава на жител –  за 2016 година, како и за изминатата деценија. Овие рангирања се надополнети со интервјуа со лидерите од секој сектор и анализи на најбрзо растечките индустрии, овозможени од експерти во индустријата.