Компанија во шок: Невидена побарувачка за плетените столици од “интервјуто на векот“

121

Освен што кренаа огромна прашина и привлекоа големо внимание од јавноста, Хари и Меган Маркл на индиректен начин ѝ помогнаа на компанија којашто ги произведува плетените столчиња на кои тие седеа додека беа на интервју со Опра Винфри.

Станува збор за мебел од компанијата Christopher Knight Brands којшто е распродаден по интервјуто на поранешните членови од британското кралско семејство, пренесува CNN.

“Во сензационалното интервју на Опра со Хари и Меган, кој би помислил дека некој ќе забележи мебелот, но се случи обратното. Почестен сум што столчињата од мојата колекција станаа централно место за едно од најфасцинантните интервјуа на познати во поновата историја“, вели актерот Кристофер Најт.

На сетот столици, коишто чинат 554 долари, седеа Меган и Хари кои споделиле шокантни детали од животот во Бакингемската палата. Интервјуто го следење околу 17 милиони гледачи во САД и 11 милиони во Велика Британија.

Фото: Facebook