Компанијата Apple достигна вредност од 800 милијарди долари

16

pari

Фото: Pixabay

Пазарната капитализација на технолошкиот гигант Apple достигна 800 милијарди долари, пишува Guardian.

На крајот од тргувањето во вторникот, акциите на Apple пораснаа за 0,64 % на 153,99 долари, со што проценетата пазарна вредност на компанијата изнесува 802,8 милијарди долари.

Вредноста на акциите на производителот на iPhone порасна 33% оваа година и скоро 50% од претседателските избори во Америка, минатиот ноември. Компанијата во моментот претставува 4% од вкупната вредност на компаниите што го сочинуваат индексот S&P 500.

“Тоа само покажува колку е моќна франшизата. Може да е и најмоќната франшиза во земјата денес“, вели претседателот на финансиската куќа LibertyView Capital Management, Рик Меклер.

Ако Apple продолжи со својот раст компанијата до крајот на годинава може да достигне пазарна вредност од 1.000 милијарди долари.