Компанијата која го произведува чипсот Pringles се дели на три дела

70

Компанијата Кеllog планира да се подели на три независни компании, раздвојувајќи ги своите култни брендови на различни бизниси  за грицки, житарки и растенија.

Компанијата соопшти дека истражува понатамошни стратешки алтернативи, вклучително и потенцијална продажба. Веднаш по објавувањето на веста, акциите на компанијата поскапеа за 6,5%.

Имињата за новите компании се уште не се одредени, а предложените менаџерски тимови за двата спин-оф ќе бидат објавени во првиот квартал од следната година.