Компанијата Леорон доби меѓународна ѕвезда за лидерство во квалитет

33

Компанијата Леорон од Дубаи, која од 2010 година има канцеларија и во Македонија, доби меѓународна ѕвезда за лидерство и награда за квалитет во златна категорија. Признаен по својата посветеност кон квалитетот, лидерството, технологијата и иновацијата, наградата за Леорон претставува успех за Емиратитe во деловниот свет, меѓутоа и за Македонија, каде што оваа компанија вработува над 100 млади професионалци. Леорон се вбројува помеѓу првите странски директни инвестиции во нашата земја од Блискиот Исток, стои во соопштението на компанијата.

Наградата ISLQ Меѓународната ѕвезда за лидерство во квалитет (ISLQ International Star for Leadership in Quality) ја потврдува силната посветеност кон високиот квалитет. Генералниот менаџер Арбен Јусуфи, ја прими наградата во Hyatt Regency Paris Etoile Palais des Congrès Convention Hall од претседателот на BID, Хозе Е. Прието.

„Ние сме многу горди што ја освоивме оваа престижна награда и ја добивме Златната ѕвезда за лидерство во квалитетот. Нашата цел е да обезбедиме највисококвалитетни корпоративни тренинг решенија за нашите клиенти ширум светот и да создадеме професионалци кои ќе бидат од исклучителна важност за нивните компании. Ова е заедничко достигнување на сите вработени во нашата компанија коишто неуморно работат за да го одржат високиот квалитет на услуга. Оваа Златна ѕвезда им ја посветувам ним“, изјави г-дин Арбен Јусуфи, генерален менаџер на Леорон.

Телеграма со честитки до компанијата упати и министерот за странски инвестиции, г-дин Џери Наумоф.

Досега Меѓународна награда за квалитет и признание за своите достигнувања и посветеност кон квалитетот добиле компании како WalMart – САД, Dogus Holding – Турција, ICICI Bank – Индија, Kaspersky Lab – Русија, Grant Thornton Russian Appraisal – Русија, Zepter International.

Леорон Институтот за професионален развој е водечка корпоративна тренинг компанија на пазарите на Европа, Африка и Азија. Основана е во Шведска за потребите од тренинзи во производствениот сектор, која што глобално ќе се рашири во текот на 90-те. Од тогаш се разви во еден од најсеопфатните тренинг институти во ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот, нудејќи тренинг решенија за сите стратешки корпоративни функции, вклучувајќи ги корпоративните финансии, човековите ресурси, менаџментот во ланецот на набавки, логистиката и инжинерството.