Концесионерите на загрепскиот аеродром ги зголемија цените за услуги на патниците за 100%

34

plesoФранцуските концесионери на Аеродром Загреб, само три месеци откако го преземаа најголемиот хрватски аеродром да управуваат со него на 30 години, ги покачија цените за услуги за патниците. Од 5 март надоместокот за заштита на воздушен сообраќај е зголемен за повеќе од 100%, од три на 6,5 евра, додека од крајот на овој месец патниците во меѓународниот сообраќај ќе плаќаат надоместок од 15 евра наместо досегашните 10, а надоместокот за домашен сообраќај ќе изнесува седум наместо четири евра, пишува Вечерњи лист.

Сите три надоместоци патниците ги плаќаат директно, купувајќи го билетот, па со тоа од сега од Загреб патниците ќе летаат поскапо.

На годишно ниво, фирмата која управува со аеродромот, Меѓународен аеродром Загреб, според проценките на упатените, од новите надоместоци ќе има околу девет милиони евра дополнителен приход.

Загрепскиот аеродром Плесо има околу два милиони патници годишно, но зголемувањето не се однесува на транзитните патници. Концесионерите поскапувањето на услугата за заштита го оправдуваат со тоа што извршувањето на заштитните прегледи на патниците и нивниот рачен багаж, согласно европските прописи, морале да им ги доделат на приватна фирма за обезбедување. Оваа работа до сега ја извршуваа припадници на МВР.