Претставници на јапонската компанија Mitsubishi преговараат со загрепски Кончар за можни инвестиции и соработка, потврди претседателот на управата на Кончар Даринко Баго за Слободна Далмација, пренесува Пословни дневник.
“Станува збор за вообичаени бизнис разговори, тие веќе беа кај нас, а ние во Mitsubishi. Ја разгледуваме можноста за некакви заеднички работи и инвестиции. Кончар постојано работи на вакви договори затоа што сме извозно ориентирана компанија. Така, пред неколку дена имавме посета од General Electronic”, вели Баго. Тој не сакал да открие конкретно на кои проекти ќе соработуваат компаниите.