Конференција Арбитража во ЦЕФТА – регионот во насока на унапредување на економскиот развој

19

Постојаниот избран суд-Арбитража при Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организираат меѓународна конференција на тема Арбитража во ЦЕФТА – регионот во насока на унапредување на економскиот развој.
На конференцијата ќе учествуваат претседателите на Арбитражата во Словенија, Србија, Косово, Црна Гора, Бугарија, како и претставник на германскиот суд за Арбитража.
Фокусот ќе биде ставен на состојбата во арбитражното решавање на споровите во земјите од ЦЕФТА регионот, како и проблемите со која се соочува секоја од арбитражните институции во овие земји во решавањето на спорови со меѓународен елемент.
Притоа ќе се направи обид за развивање методи за унапредување на арбитражното решавање на спорови со цел да се заштитат интересите на странките со споровите со меѓународен елемент, со што ќе се придонесе за натамошно унапредување на арбитражниот механизам за решавање на спорови.