Конференција на тема: Современа законска легислатива за подобрување на економскиот раст

25

Конференција на тема Современа законска легислатива за подобрување на економскиот раст од денеска до 15 ноември се одржува во Струга.

На отворањето на конференцијата предвидено е обраќање на директорката на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радеска Крстевска, на тема Царинската управа на Република Македонија како поддржувач и олеснувач на економските активности.

Следните денови учество ќе земат и експерти од Народната банка на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и од Агенцијата за супервизија на осигурување.