Конференција на ЦЕФЕ Македонија: Јакнење на претприемачкиот екосистем во Македонија

20

cefe-580x306

Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија,на 19 јуни 2015 година, во 11 часот во хотел Капри ќе одржи завршна конференција Јакнење на претприемачкиот еко-систем во Р. Македонија. Конференцијата е последната предвидена активност на проектот Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да инвестирате во (да ја развивате) вашата држава?, проект кој беше поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, а го имплементираа ЦЕФЕ Македонија во партнерство со Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Центар за одржливост и напредна едукација Битола.

Преку оваа конференција сакаме да придонесеме кон идентификување на сегашните и идните актери во претприемачкиот екосистем, потенцирање на некои од бариерите за креирање и развој на новите компании и како да ги решиме; идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на претприемачкиот екосистем во државата; пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со висок раст на претприемништвото.

Говорници на завршната конференција се претставници од бизнис, јавен, граѓански и образовен сектор, и тоа: Ирена Чаушевска, коосновач и генерален менаџер на NewMan’s Business Accelerator; Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружение Конект; Зоран Витанов, обучувач и член на ЦЕФЕ Македонија; Петар Котевски, основач на компанијата KAMAi MEDIA; проф. д-р Константин Петковски, Технички факултет Битола; Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР); Јован Маџовски, регионален директор на CEED Македонија; Јешим Сејфуловска, Агенција за вработување и Виолета Налевска од општина Битола.

Целта на проектот беше преку информативни и практични пораки да се придонесе кон превенција на одливот на таленти од државата и да се поттикнат младите на претприемнички активности. Преку развој на претприемништвото да се намали невработеноста, придонесувајќи кон економски развој во Р. Македонија. Во рамките на проектот се снимија 10 видеа кои ќе бидат вклучени како дополнителни материјали на MOOC Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies во наредните сесии. Исто така, се одржаа и седум информативни средби со околу 350 граѓани и претставници на различни сектори од Битола, Штип, Струмица, Струга, Охрид, Скопје и Тетово.