Конференција за ИКТ во Агробизнис на МАСИТ: Поврзување на ИКТ индустријата и агро бизнисот е неминовно

59

image004

Конференција на тема ИКТ во Агробизнис, организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка, ќе се одржи во периодот од 23-ти до 24-ти ноември во хотелот Александар Палас во Скопје.

Како лидер во поврзување на ИКТ секторот во Македонија, МАСИТ досега успешно организираше 13 регионални конференции за ИКТ, секоја од нив посетена од повеќе од 200 учесници, претставници од ИКТ компаниите но, исто така, и високи претставници од Владата на РМ и Министерствата, академските институции, донаторските организации и други значајни стеикхолдери од регионот на Југоисточна Европа.

Имајќи ги искуството и контактите, не само на домашно туку и на регионално и интернационално ниво, МАСИТ ја најавува 14-тата по ред годишна конференција, оваа година со амбиција по втор пат да ги донесе на едно место двата сектори (ИКТ и Агробизнис) и да адресира релевантни теми од интерес што се актуелни во последните години.

Целта на конференцијата да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања со цел да се олесни влезот на ИКТ индустријата на пазарот и да им се овозможи на фармерите и агро компаниите да дознаат на кој начин може ги стават технологиите во функција на остварување на подобра конкурентност и зголемена профитабилност. Иницирањето на дијалогот помеѓу ИКТ и Агробизнис заедниците е голем предизвик. Оваа година МАСИТ со своите партнери и соработници планира да го поттикне овој дијалог токму преку оваа конференција. Основните прашања кои ќе бидат поткренати на конференцијата ќе бидат во насока како двете индустрии да соработуваат поблиску во секојдневното работење и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка. Ќе се дискутира за тоа како имплементирањето на ИКТ решенија може да им помогне на фармерите да го развијат својот бизнис. Ќе бидат претставени многу успешни приказни и решенија. Поканети се голем број на претставници од институциите од агро бизнис и ИТ индустријата, а ќе присуствуваат и голем број на компании од агро бизнисот и ИТ од земјава и регионот.

Со цел истите да навлезат во директни дискусии, ќе бидат организирани и Б2Б состаноци. Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да бидат дел од: два дена конференциски презентации од страна на ИКТ и експерти од областа на Агробизнис, организирани во неколку сесии. Панел дискусија – Простор за решавање на јазот помеѓу ИКТ и АГ. Временска зона, кога двете индустрии ќе се најдат на иста страна обидувајќи се преку плодна дискусија да го намалат тој јаз. Ќе бидат презентирани трендовите на светско, наспрема локално ниво. Поканети сте да се приклучите во дискусијата и да споделите лични искуства! Б2Б средби – Зборувајте слободно за вашите проблеми и решенија, со цел зголемување на можностите за соработка.