Конференција за подобрување на туристичката соработка во регионот

22

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира конференција за подобрување на туристичката соработка помеѓу Македонија и Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и заеднички настап на трети пазари, јавува Миа.

На конференцијата Светските трендови во туризмот бараат регионална туристичка понуда ќе се дискутира за зголемување на туристичката соработка помеѓу земјите, зголемување на бројот на туристи и креирање заеднички туристички понуди помеѓу земјите за настап на трети пазари.

Како што е најавено, ќе присуствуваат претседателот на туристичко -угостителската комора при ССК Аркан Керим, како и амбасадорите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија во Република Македонија.