Конференција за зајакнување на капацитетите на службите за безбедност на храна

25

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска во Скопје ќе се одржи конференција по повод започнувањето на Твининг проектот Институционално зајакнување на капацитетите на надлежните служби за спроведување на законодавството на ЕУ од областа на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика, пишува Миа.

Конференцијата е во соработка со Делегацијата на Европската унија, Министерството за политики на земјоделство, прехрана и шумарство на Италија и со Агенцијата за храна и ветеринарство.

На Конференцијата поздравни обраќања ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав и амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели.

Проектот е финансиран од Европската унија.