Конгресот го усвои пакетот финансиска помош од 1.900 милијарди долари

10

Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави “историската победа“ на Американците откако Конгресот го усвои еден од најголемите пакети економска помош во историјата на САД во вредност од 1.900 милијарди долари.

И покрај противењето на републиканците, демократите го одобрија законот со 220 гласови наспроти 211 кои беа против.

“Овој предлог закон претставува историска победа на американскиот народ. Сето она што се наоѓа во американскиот план за спас е решавање на реални потреби, вклучувајќи и инвестиции за финансирање на вакцинирањето. Повеќе вакцини и повеќе места за вакцинирање“, рекол Бајден кој законот треба да го потпише на крајот на оваа недела.

“Вакцинирањето е единствен начин да ја победиме пандемијата, да ја вратиме економијата на вистинскиот пат и животот во нормала“, смета американскиот претседател.

Планот предвидува 400 милијарди долари за да може поголемиот број Американци да добијат по 1.400 долари помош, 350 милијарди долари помош за сојузните и локалните власти, проширување на олеснувањата за деца и повеќе пари за поддршка на вакцинирањето. Ќе бидат одвоени и 130 милијарди долари за да може учениците што е можно поскоро да се вратат во нив.

Фото: Pexels