Консултантската компанија АФЦ во Македонија

27

АФЦ е консултанска компанија која е е дел од АФ групацијата, основата во 1895 година во Шведска. Ги опфаќа областите од енергетика, индустрија, технологија и инфраструктура. Само во делот на енергетиката има над 1000 вработени, врвни експерти. Само во овој сектор има реализирано над 900 проекти во над 60 земји што ја прави и лидер меѓу консултанските компании во Европа. Оваа консултанска куќа соработува со коомпаниите од  енергетскиот сектор во Македонија како што е ЕЛЕМ, МЕПСО, ТЕ-ТО.

Вкупно има вработено 4700 врвни експерти и консултанти во дури 24 земји. Сега компанијата и со претставништво во Скопје, канцеларија која ќе биде одговорна за реализирање на проектите во регионот меѓу кои и Албанија, Косово, Бугарија, Грција, Црна Гора.