Координиран одговор на 32 држави: Како ИЕА планира да го спречи нафтениот колапс?

Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) Фатих Бирол  изрази надеж дека нема да биде потребна уште една интервенција од нафтените резерви, но рече дека ИЕА е „подготвена да дејствува доколку енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран го бара тоа“.

Во обид да ги смири тензиите на нафтените пазари, Меѓународната агенција за енергетика, која брои 32 члена, минатиот месец се согласи да интервенира со 400 милиони барели нафта од резервите, што е најголемата координирана интервенција на ИЕА досега, објави Ројтерс.

САД, најголемиот светски производител на нафта и гас, се согласија да ослободат 172 милиони барели од своите стратешки нафтени резерви, додаде Ројтерс.