Копачки со заеднички потпис на Rimac и Puma

75

Хрватскиот производител на електрични автомобили, Rimac Automobili, заедно со германскиот спортски бренд, Puma, разви фудбалски копачки.

Puma објави ограничена количина на нови копачки под името Puma Ultra SL FG, што ги дизајнираше Мате Римац и неговиот тим во Хрватска.

Овие патики тежат само 90 грама и се развиени со помош на ексклузивни иновации на Puma. Ќе бидат понудени само 412 парови од овие патики, што е исто како и брзината од 412 километри на час што го постигнува електричниот автомобил на Римац.

Францускиот фудбалер Антоан Грижман ја имаше честа прв да ги проба овие копачки.

Фото: Puma