Копаоник бизнис форум ќе се одржи во мај, во Белград

43

Овогодинешниот Копаоник бизнис форум ќе се одржи од 24 до 27 мај во хотелот Метропол во Белград, објави Здружението на економисти на Србија.

Тема на форумот ќе биде “Светот после Ковид-19: нови извори на раст во променети деловни услови“.

Копаоник бизнис форум е место на кое се почнуваат конструктивни расправи и анализи на сè што е направено претходната година.

Фото: Facebook