Копчето Dislike наскоро на Facebook

19

dislike

Facebook ќе го додаде Dislike копчето на својата социјална мрежа, најави основачот Марк Цукерберг, пишува BBC.

На сесијата за прашања и одговори во седиштето на Facebook во  Калифорнија, 31-годишниот Цукерберг рече дека ова копче ќе им помогне на луѓето да ја изразат својата емпатија.

Ова копче го бараа голем број корисници уште од 2009 година, кога беше промовирана опцијата Like.

“Луѓето постојано го бараа Dislike копчето веќе долго време… Денеска е посебен ден бидејќи можам да кажам дека работиме на тоа и сме многу близу до тестирањето на опцијата“, рече Цукерберг.