Копривница прв град во Хрватска со електрични автобуси во јавниот превоз

29

bus-580x379

Минатата недела во Копривница се претставени два електрични минибуса, со што стана првиот град во Хрватска што доби електрични автобуси за јавен превоз. Автобусите се вредни 185.000 евра, а градската власт ги набави преку европскиот проект Civitas Dyn@mo, пишуваат хрватските медиуми.

Батеријата издржува 140 километри, а во почетокот максималната брзина ќе биде ограничена на 60 километри на час. Минибусот има 14 места за седење. Автобусите ги изработи хрватската компанија Док Инг, позната по концептот на сопствен електричен автомобил.

Копривница во проектот Civitas Dyn@mo е вклучена со партнерските градови Ахен (Германија), Палма де Мајорка (Шпанија) и Гдањск (Полска). Копривница неодамна ја доби еколошката награда Energy Globe Award 2015, како најдобар хрватски град кој работи на полето на енергетска ефикасност.