Кора од портокал ќе извлекува скапоцени метали од стари батерии

95

Во светот минатата година е регистрирана рекордна количина на електронски отпад, а решение за овој голем проблем, можеби се крие во кората од портокалите.

Научници од Универзитетот во Сингапур развиле нова методологија за користење отпад од овошје за извлекување на скапоцени метали од употребени литиум – јонски батерии. Тимот искористил кора од портокал којашто успешно ги спасила скапоцените метали од електронскиот отпад. Од рециклираниот материјал направиле нови и функционални батерии.

Станува збор за метода што го намалува не само електронскиот, туку и отпадот од храна, со што се поддржува циркуларната економија, пишува Cirkularnaekonomija.org.

Извлекувањето на скапоцени метали од потрошени батерии е процес што се одвива во екстремни услови, на температура од над 500 степени Целзиусови, по што се ослободуваат токсични гасови.

Тимот од Сингапур ја користи кората од портокалот така што ја меле, но и ја задржува киселината што ја имаат во себе цитрусните овошја. Во лабораториски експеримент успеале да извлечат 90% кобалт, литиум, никел и манган од потрошените батерии.

Фото: Freepik