Коригирана добивка од 2,1 милиони денари за Благој Ѓорев

191

kristal zejtin

Фабриката Благој Ѓорев од Велес оствари добивка во износ од 2.137.000 денари, се наведува во коригираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2013 година, компанијата прикажа добивка во висина од 13.286.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2014 година беа на ниво до 588.964.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 531.508.000 денари, додека 57.456.000 денари се остварени на странски пазари.

“При преработка на маслото во однос на претходната година, оваа година е потрошено повеќе суровина – сончоглед при што е добиена поголема количина на нус производ – ќоспе со што значително се зголемуваат приходите и како резултат на тоа е остварена и добивка. Исто така, добивката произлегува и од намалените трошоци за суровини и материјали“, се вели во Образложението за остварени резултати.